МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Предупредување за оние кои се членови на КСС и оние кои не членуваат во синдикат за утрешниот штрајк

   Време за читање 2 минути

Фејсбук статус на Претседателот на КСС Благоја Ралповски:

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ДО СИТЕ ЧЛЕНОВИ Почитувани, јас како Претседател прв меѓу еднаквите, имам обврска да ве известам за правата и обврските околу утрешниот штрајк на ссм и последиците кои можат да следат.Имено од неофицијални извори дознаваме дека ќе се исплаќа само 60% дневница како прво.Како второ вие кои сте членови на нашиот синдикат или не сте членови на ниеден синдикат немате никаква колективна заштита , од причина што да пристапите кон штрајкот требаше да се обратат до нас( иако баравме досега не се обратија)за потпишување спогодба за учество и поддршка на штрајкот.Потоа следиат поединечни изјави за учество и прифаќање за да можете да бидете колективно заштитени согласно Законите.Од тука произлегува дека свесно или несвесно (поради незнаење) ве тераат во процес на поединечна одговорност, со што нашиот синдикат никако неможе да ви помогне.Затоа уште еднаш ве повикувам на здрав разум и внимателност од причина што вашите постапки при ваква фактичка состојба се со лична одговорност.Целосна поддршка за остварување на нашите основни работнички права но ваквата паушална и несериозна постапка неможеме да ја оправдаме и поддржиме.Од друга страна штрајкот е оправдан во Законски рамки кога се пркршува Законот , како што баравме процентуално усогласување на платите , а не по желба или договор на некоја индивидуа 2806 ден индивидуално.Мојата обврска е до тука, вашата одлука е само ваша.Сите дезинформации дека го подржуваме овој штрајк се измислени, затоа што и покрај нашите напори за состанок, ниту добивме ниту знаеме кој се барањата и целта.Сета оваа постапка беше испочитувана во штрајкот на СОНК , и затоа Ве предупредувам на последиците кои можете да ги имате ,само поради аматеризам или незнаење.Секоја Ваша постапка е Ваш личен избор и само Ваш, а според мене во ваква комплицирана ситуација(каде не знаеме која е целта искрена или завршува со оро) почитувањето на Законите е најбитно. Солидарен поздрав Претседател Б.Ралповски