- Advertisement -
Економија

Пред да резервирате карта за „Визер“ прочитајте ги условите

Пред да резервирате карта - Работник
383views

Пред да летаат со „Визер“, патниците треба внимателно да ги прочитаат условите за превоз на веб-страницата на превозникот. Само така ќе ги знаат правата и обврските, информираат од Агенцијата за цивилно воздухопловство. Таму не се обратил никој од осумтемина патници кои минатата недела, и покрај тоа што имале резервирани седишта на летот со унгарската нискобуџетна компанија „Визер“ од Берлин за Скопје, биле оставени да го чекаат следниот лет. На нивните седишта имало патници кои порано извршиле резервација. Од авиокомпанијата за „Независен весник“ изјавија дека дозволуваат минимално пребукирање на најпопуларните рути, со цел да овозможи повеќе патници да патуваат, наместо некои седишта да останат празни поради патниците кои воопшто не се појавиле, пишува Независен.

Целосниот текст можете да го прочитате тука

Advertisement

Advertisement