ЕкономијаМакедонија

Презентација на три фактори кои треба да придонесат за развој на индустриските компании во земјава

Презентација на три фактори - Работник
141views

Забрзан технолошки напредок со изградба на индустриски зони и осовременување на постоечките, енергетски ефикасни технологии и инвестиции во обновливи извори на енергија, како и  усогласување на царинските стапки во земјава со ЕУ за повеќе индустриски производи се трите теми кои ќе бидат во фокус на прес конференцијата на Индустриската комора на Македонија.

На прес конференцијата која ќе се одржи во Сојузот на стопански комори на Македонија, ќе бидат детално презентирани трите фактори кои во услови на стабилни економски политики треба да придонесат за развој на индустриските компании во земјава. Свое обраќање ќе има г. Трајан Ангелoски, член на Управен одбор на Индустриската комора.