- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Преквалификации, квалитетни работни места… – Овие се целите на ЕУ во наредните 10 години

Преквалификации, квалитетни рабтни места - Работник
251views

Европската комисија денеска ги објавила целите на 27-члениот блок за намалување на сиромаштијата, нееднаквоста, за зголемување на ИТ обуките и вработеноста до 2030 година во рамките на постпандемиската реформа која се финансира со заедничко задолжување. 

Комисијата соопштила дека Европската унија треба да ја подигне стапкта на вработеност на 78 % до 2030 година, од нивото до 73 % во 2019, да го преполови јазот помеѓу бројот на вработени жени и мажи и да го намали бројот на млади кои не работат и не студираат на 9 % од сегашните 12,6%, пренесува Ројтерс. 

„Со оглед на тоа дека се очекува зголемување на невработеноста и нееднаквоста како последица на пандемијата, неопходно е политичките напори да ги фокусираме на отворање на квалитетни нови работни места, на дообразување и преквалификации, на намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост поради насочување на нашите средства таму каде што се најпотребни. 

Целите кои треба да бидат одобрени од лидерите на ЕУ, исто така вклучуваат и зголемување на бројот на возрасни кои секоја година поминуваа разни обуки од сегашните 40 % на 60 %, за да се прилагодат на траницијата на блокот на „позелена“ и „подигитиализирана“ економија. 

Конечно, во наредните 10 години ЕУ би требало да го намали број на луѓе кои се изложени на ризик од сиромаштија и социјална исклученост на 15 милиони, во однос на 91 милион колку што биле во 2019 година. 

Овие три главни цели до 2030 година, се сметаат за амбициозни, но истовремено и реални, додала Комисијата. 

Наведените цели се дел од сетот од 20 социјални права на ЕУ, договорени во 2017 година, со цел гласачкото тело да стекне повеќе доверба во Унијата и да го сузбие евроскептичното расположение ширум блокот, наведува британската агенција.