- Advertisement -
ЕкономијаСветСветот на работникот

„Прекумерната работа ги заморува луѓето“: Дали оваа држава ќе биде права што ќе воведе четиридневна работна недела

„Прекумерната работа ги заморува луѓето“ - Работник
617views

Шпанија наскоро би требала да го започне пробниот период за четиридневна работна недела која претходно оваа година ја предложила политичката партија Маис Паис. 

Ако тестирањето помине како што треба и идејата биде потполно прифатена, Шпанија би можела да стане една од првите земји во светот во која е имплементиран таков систем. 

Тестирањето на овој пилот – проект ќе започне оваа есен, ќе трае три години и во него ќе бидат вложени 50 милиони евра, за да се овозможи тестирањето да помине со минимален ризик, пишува Гардијан. 

Партијата Маис Паис се надева дека во целата држава ќе се видат резулатите кои ги постигнала шпанската компанија Делсол, а чиј работници некое време работат само четири дена во неделата. 

„Јасно е дека начинот на кој работиме им причинува стрес на луѓето, прекумерната работа ги заморува и сето тоа остава големи последици на менталното здравје. Четиридневната работна недела би била добра за економијата, за работниците и околината“, навела партијата.