Преку два милиони луѓе во Германија ќе добијат износ од 600 евра

Повеќе од два милиони пензионери имаат право на паушална цена на електрична енергија, навеле од Министерството за социјални прашања на Германија.

На работниците веќе им е исплатен енергетски бонус од 300 евра во септември. Износ од 300 евра им е исплатен и на пензионерите кои се во работен однос.

Од германското министерство за труд и социјални прашања рекле дека надоместоците за вработените и пензионерите меѓусебно не се исклучуваат. Како што објаснуваат, можно е паушал да се добие два пати, наведува порталот Fenix-magazin.

Меѓутоа, доколку примате повеќе пензии, на пример старосна и пензија од починат партнер, паушалот за енергија ќе ви се исплати само еднаш.

Според информациите на германските медиуми, бројот на двојно наградени пензионери изнесува 90,000, кои работат со исплаќање на придонеси и 1,150,000 кои имаат мини работа.

Според „Deutscher Rentenversicherung“, вклучени се и 95,000 осигуреници кои сѐ уште работеле во септември, но заминале во пензија пред 1 декември.

Начелно, сите кои од 1 декември 2022 година имаат право на старосна, инвалидска или семејна пензија, од законското пензиско осигурување ќе добијат еднократен износ.

За да можете да добиете 300 евра, потребно е да имате пријавено престој во Германија. Исплатата не подлежи на придонеси за социјално осигурување и се исплатува автоматски.