Правда

Преку едукација до подобрување на статусот на текстилните работнички и младите жени во општеството

Преку едукација до подобрување - Работник
370views

Проектот: Преку едукација до подобрување на статусот на текстилните работнички и младите жени во општеството, се реализира од Здружението Гласен Текстилец, во времетраење од 9 месеци, односно до декември 2019г. Во рамките на овој проект ќе се резлизираат активности кои вклучуваат подигнување на јавната свест за концептот на родовата еднаквост, се со цел текстилните работнички и младите жени да добијаат повеќе информации за родовата еднаквост, полесно да ја препознавааат родовата нееднаквост и да се охрабрат да ги пријавуваат соодветно сите видови на насилство, истакна Претседателката на Здружението Гласен Текстилец, Кристина Ампева, ексклузивно за порталот Работник.

Овој проект опфаќа две таргет групи од Истокот, текстилните работнички и младите жени. Имено, проектот се состои од: две еднодневни работилници со текстилни работнички, дводневен тренинг со средношколци на тема родова еднаквост, кои ќе продолжаат со врсничка едукација во нивните училишта, фото-инсталација, печатење на информативен и промотивен материјал, како и издавање на осум инфографици.

Проектот е суб-грантиран во рамките на проектот “Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество“ имплементиран од страна на Фондацијата Kvinna till Kvinna и Организација на жените на општина Свети Николе, а финансиран од страна на Делегација на Европската унија.