Преку работилници европските синдикати ги учат членовите за Безбедност и Здравје при работа

„Работно законодавство – Здравје и безбедност – Сегашната состојба на Безбедност и Здравје при работа и новите пристапи за имплементација на стандардите на БЗР во структурата на социјалниот дијалог“, беше темата на работилницата која се одржа на 2 јули, 2019 година во Белград, во организација на Регионалниот Совет на Синдикати „Солидарност.
На работилницата се зборуваше за Безбедноста и Здравјето при работа, стандардите на Меѓународната организација на стандардизација и беа посочени бројни примери за несреќи при работа.
На работилницата, воведна презентација имаше експертот по Безбедност и Здравје при работа од Европскиот синдикален институт – ЕТУИ, Виктор Кемп, на тема: Сегашната ситуација во БЗР во системот на Социјален дијалог.
Потоа, претставникот од францускиот синдикат ЦФТД, Лореал Пиер Гаел презентираше за БЗР во следната деценија, како и за трендовите, очекувањата, програмите и стратегиите за Безбедноста и здравјето при работа. Тој посочи и неколку примери од Франција за несреќи при работа и за тоа како Владата и синдикатите се справуваат со оваа проблематика.
Лори Клементс од Солидарити Центар, презентираше за стандардот ИСО 45001 во БЗР и за неговата примена, неговото значење и неговата имплементација.
После него, повторно презентираше Виктор Кемп од ЕТУИ, на тема: Најновите измени на директивата за БЗР и амандманите за директивата за канцерогени и мутогени.
Учесници на работилницата беа членови на синдикати од Србија, Македонија и Црна Гора.
На крајот од работилницата сите учесници дадоа свои мислења, предлози и заклучоци.
Модератор на работилницата беше Душко Вуковиќ од Сојузот на Самостојни синдикати на Србија.