Занимливости

Премиерата на новиот Џејмс Бонд филм одложена за седум месеци поради корона вирусот

Премиерата на новиот - Работник
188views

Датумот на премиерата на новиот Џејмс Бонд Филм е преместен од април во ноември, поради ширењето на корона вирусот.

Продукцентите рекле дека го префрлиле датумот на премиерата на филмот „Не е време за умирање“ (No Time to Die) од април во ноември по „внимателните процени на глобалниот пазар на кинематографијата“.

Најавата следела два дена по барањето на двајца основачи на фан сајтови за филмот, да се одложи премиерата.

Филмот, британската премира ќе ја има на 12, а американската на 25 ноември.

„Не е време за умирање“ последен филм на Даниел Крег во којшто ќе ја игра улогата на Џејмс Бонд, требало да се појави во кината на 3 април.

 

Светската премиера требало да се одржи на 31 март во Ројал Алберт Хол во Лондон.

„Само една личност која можеби нема симптоми, може да ја зарази целата публика“, напишале во отвореното писмо основачите на MI6 Confidential i The James Bond Dossier.

„Никој не сака таков публицитет“.

Претходниот Бонд филм од 2015 година, „Спектра“, заработил речиси 900 милиони долари.

Некои филмски аналитичари предвидуваат дека корона вирусот би можел да направи штета од пет милијарди долари на кината, бидејќи многу од нив се затворени во Кина.

Еден обожавател напишал: „Тоа е само филм. Здравјето на фановите ширум светот и нивните семејства е многу поважно“.

„Чекавме повеќе од четири години за овој филм. Неколку додатни месеци нема да го намалат неговиот квалитет и може само да придонесе за успех на кината за прошталниот филм на Даниел Крег“.