ЗанимливостиПравда

Премиерот на Етиопија, добитник на Нобеловата награда за мир

Премиерот на Етиопија, добитник - Работник
37views

Етиопскиот Премиер Абиј Ахмед е добитник на Нобеловата награда за мир за 2019 година, соопштил Комитет на Нобел во Осло.

Како што е соопштено, на Ахмед наградата му е доделена за напор да се оствари мир, меѓународна соработка и да се реши конфликтот со соседна Еритеја.

Преседавачката на Нобеловиот комитет, Берит Рејс Андерсон изјавила дека Ахмед е награден поради работењето на завршување на конфликтот со Еритеја, само на неколку месеци, откако минатата година стапил на должност.

Ахмед со еритејскиот Премиер Исајс Афверки потпишал Заедничка декларација за мир и пријателство, потсетува Агенцијата АП. Таа мировна спогодба, потпишна минатата година, ставила крај на речиис 20 годишен воен застој со Еритеја после граничната војна од 1998 до 2000 година.

Наградата претставува и признание за сите актери кои работат на мир и помирување во Етиопија и во областите на источна и североисточна Африка, додала Рејс Андерсон.

Имено, наградата се состои од златен медал, диплома и чек од девет милиони шведски круни (околу 830,000 евра) и ќе биде врачена во Осло на 10 декември, на годишнината од смртта на основачот на Нобеловата награда, шведскиот индустријалец и филантроп, Алфред Нобел (1833 – 1896 година).