„Премногу се болни за да работат“ – Младите се жалат на проблеми со менталното здравје, жените подобро се носат со стресот

За тоа колку проблемите со менаталното здравје зеле замав, доволно зборува податокот дека младите работници во Британија, токму поради тоа, изостануваат од работа во рекорден број.

Се се случува во еден момент кога земјата се бори со се поголемата економска криза, пренесува Блумберг, повикувајќи се на официјални податоци.

Според податоците кои ги прибрала Канцеларијата за национална статистика (ОНС), работоспособните млади луѓе, патат од долготрајни здравствени проблеми кои се повеќе ги спречуваат да работат.

Извештајот на ОНС покажува дека дошло до пораст од 29 % кај лицата на возраст од 16 до 24 години кои ја навеле „долготрајната болест“ како причина за економска неактивност.

Исто така, бележи скок од 42 % и кај луѓето на возраст од 25 до 34 години, кои го навеле истото.

Податоците се објавени за вториот квартал од 2022 година, во споредба со истиот период пред пандемијата. Понатаму, извештајот укажува дека најмладите работници соочени со рецесијата и плати „кои не држат чекор“ со двоцифрената инфлација.

Стресот поврзан со работата е наведен како „најголем поттикнувач“ на неактивноста меѓу вработените кои имаат од 50 до 54 години. Статистиките покажуваат дека сите прашања за менталното здравје соочинуваат околу 600,000 неактивни луѓе од сите старосни групи, што е зголемување за 10 % во однос на бројките евидентирани пред пандемијата.

Исто така, податоците покажуваат дека едно на четири лица во Британија, кои имаат помеѓу 17 и 19 години, веројатно имале некој вид на ментално нарушување во текот на минатата година. Во 2о21 година, просекот бил: едно на шест лица.

Бројот на работно неактивни мажи со проблеми поврзани со менталното здравје наводно се зголемил на 37,000 минатата година, што е повеќе од 100 % во однос на бројките од 2006 година и е значајно поголем од нивоата забележани кај жените.

Извор: Telegraf Biznis