СветСиндикат

Преполовен бројот на демонстранти за пензиските реформи во Франција

Преполовен бројот на протестанти за пензиските реформи во Франција-работник
144views

Француското Министерство за внатрешни работи соопшти денеска дека бројот на демонстранти против реформите во трудот организирани од синдикатите е повеќе од преполовен во однос на минатата недела.

Тие рекоа дека денес, на протестниот марш учествувале 187.000 луѓе, а 23.000 во Париз, додека минатиот четврток на протестот се забележани 452.000 демонстранти, меѓу кои и 56.000 во Париз.

За споредба, на 17 декември на маршот учествуваа 615.000 луѓе, а 806.000 Французи протестираа на 5 декември, пренесува Ројтерс.