ПравдаСветСиндикат

Претседателот на Самсунг доби 18 месечна затворска казна поради саботирање на синдикални активности

Претседателот на Самсунг - Работник
132views

Јужно Корејскиот суд го осуди Претседателот на Самсунг Електроникс, Ли Санг – хун на 18 месеци затвор за саботирање на синдикални активности.

Ли и уште 25 обвинети биле осудени за кршење на трудово – синдикалните закони.

Обвинителите рекле дека управителите на Самсунг употребиле неколку тактики за да ги таргетираат синдикалните активности, вклучувајќи затворање на фирми – кооперанти кои имале активни синдикати.

Пресудата следела после минатонеделното осудување на потпретседателот на Самсунг Електроникс, Канг Кајунг – хун на 16 месеци затвор поради сузбивање на формирањето на синдикати.

Самсунг не дал коментари околу пресудите.