ЕкономијаМакедонија

Претседателот на СК, Азески на средба со Министерот за земјоделство, Димковски

Претседателот на СК - Работник
178views

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески денеска ќе оствари работна средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на Република Северна Македонија Трајан Димковски во Стопанската комора на Македонија.

На средбата ќе се разгледаат актуелни теми од областа на агро секторот, вклучувајќи ги прашањата за рурален развој, зачувување на диверзитетот на растителни генетски ресурси, агроеколошки мерки, традиционални земјоделски производи, зајакнување на свеста за заштитените ознаки за потекло, заштитените географски ознаки и загарантираните традиционални специјалитети, органски производи, Hi’teh во земјоделството, како и низа други актуелни прашања за секторот.