ЕкономијаСветСветот на работникот

Претставени новите 16 професии

Претставени новите 16 професии - Работник
93views

Кинеската управа за човечки ресурси признала 16 нови професии за да биде во чекор со економскиот и технолошкиот развој.

Новите професии, во главно во стопанските гранки во развој и услужните сектори, вклучуваат техничари на паметно производство, индустриски интеренет техничари, техничари за виртуелна реалност, менаџери на ланците за снабдување, тренери за вештачка интелегенција, управувачи на обединети медиуми, респираторни терапевти…, се наведува во соопштението на Министерството за човечки ресурси и социјална сигурност.

Како што кинеската економија се движи кон квалитетен развој, во разни индустрии се појавиле нови работни места кои бараат нови вештини и знаење, пренесува Меѓународното кинеско радио (ЦРИ).

Ослободувањето на нови работни места може да го подигне развојот на сродните индустрии, да ја зголеми вработеноста и да го засили стручното образование и обука, велат во соопшението.

Ова е втор пат Кина да додаде нови професии на својата листа. Кина во април 2019 година ги објавила првите 13 нови професии.