Приватните специјализанти добија ветување од следниот месец да имаат повисоки плати
Здружението на лекари специјализанти соопштија дека им било ветено веќе од следниот месец да им биде корегирана платата. Тие денеска протестираа пред Министерството за здравство со барање за повисоки плати, при што имаа средба со претставници од министерството.
„Бевме примени од страна на советници на министерот, зашто тој присуствувал на друг настан во соработка со СЗО. Еден од советниците беше правен советник и ја извлековме одлуката од 2018 година врз основа на која се исплаќаат надоместоците на приватните специјализанти. Во неа, како одлука на Влада, децидно стои дека платата на приватните специјализанти треба да е во висина на плата на општ доктор за дадената година. Ни беше ветено дека Министерството за здравство ќе прати информација до Владата и до Фондот за здравствено осигурување да постапат согласно донесените одлуки и веќе од наредниот месец да биде корегината платата на приватните специјализанти“ рече д-р Александра Георгиева, претседателката на Здружението на лекари специјализанти.
Како што појасни таа, добиле ветување и дека здравственото осигурување ќе биде веднаш воспоставено, односно ќе се пратела информација до здравствените установи, оти сите што се на приватна специјализација треба да бидат здравствено осигурани.
Износот на просечна плата на општ доктор сега изнесува околу 44 000 денари.
Здравственото осигурување за време на ковид пандемијата било воведено од тогашниот министер Венко Филипче, но пред година и пол истото било укинато без образложение од Министерството за здравство.
- Веќе се дефинирани производите што ќе бидат опфатени со новогодишната кошничка, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски - 09/11/2024
- Засега нема информација дека цената на струјата ќе се зголеми, вели Мицкоски - 09/11/2024
- Многу луѓе ги избегнуваат овие 5 работни места во Германија бидејќи не се „популарни“, а можете да заработите и до 100.000 евра - 09/11/2024