ЕкономијаПравдаСвет

Приватниците три пати повеќе вработуваат лица со инвалидитет, додека јавниот сектор ги избегнува

Приватниците три пати повеќе вработуваат - Работник
89views

Работодавачите во Република Српска во 2018 година во просек имале еден работник со инвалидитет на 32 вработени, што е половина од пропишаниот законски минимум, но уште повеќе шокантни се податоците за тоа кој и под какви услови вработуваат луѓе со инвалидитет.

Главната служба за ревизија на јавниот сектор на РС, во најновата ревизија на ефикасност на полето на професионална рехабилитација и вработувања на лица со инвалидитет, открива дека приватниците речиси три пати почесто вработуваат лица од оваа категорија на работници отколку јавниот сектор кои систематски ги избегнува, пишува Српскаинфо.

„Присутни се големи разлики помеѓу работодавачите во јавниот и приватниот сектор. Кај работодавачите во приватниот сектор учеството на вработени лица со инвалидитет, на кои им е потребно да се прилагодат на работното место, во вкупниот број на вработени во просек изнесувало 7,52 отсто“, се наведува во ревизорскиот извештај и се додава дека таа законска обврска повеќе ја исполниле работодавачите со мал број на вработени, додека приватниците кои вработуваат голем број на работници не го исполниле тоа.

Во јавниот сектор, учеството на работниците со инвалидитет, на кои им е неопходно да се прилагодат на работното место, било далеку под законската норма и севкупно изнесувало 2,28 отсто, што е 2,5 пати помалку од дефинираниот законски минимум. Има и позитивни исклучоци, меѓу кои се, на пример, општината Кожарска Дубица која вработува повеќе од 8 отсто работници со инвалидитет.

Податоците покажуваат дека 45 отсто од работодавачите во јавниот сектор немале ниту еден вработен со инвалидитет, чиј ангажман бара прилагодување на работното место или работните задачи. Минималната законска обврска ја исполниле само 10 отсто од работодавачите во јавниот сектор.

Сепак, приватниците не вработуваат луѓе со инвалидитет од чист алтруизам. Како што потврдиле ревизорите, големи се разликите во вработувањето на овие луѓе помеѓу работодавачите во јавниот и приватниот сектор, потекнуваат од тоа што приватниците за вработување на работниците од оваа категорија добиваат парични стимуланси и остваруваат поврат на придонесите за секој работник со инвалидитет, па се мотивирани да ги вработуваат во поголем број.

Од друга страна, работодавачите во јавниот сектор не остваруваат никакви бенефити по тој основ.

Во последните три години, наведуваат ревизорите, состојбата се влошила и вработувањето на работниците со инвалидитет забележало тренд на опаѓање.