ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Приведен новинарот кој ја открил локацијата на Макрон

Приведен новинарот - Работник
176views

Приведен е новинарот Таха Боухафс, бидејќи на социјалните мрежи објавил дека Претседателот на Франција, Емануел Макрон се наоѓа во парискиот театар, пренесуваат фрнцуските медиуми, објави агенцијата Анадолија.

„Се наоѓам во театарот „Bouffes du Nord“. Три реда зад мене е Претседателот на Франција. Поединични демонстранти се овде и ги повикуваат сите тука. Подготовките се во тек. Вечерва може да има многу случки“, напишал Боухфс, по што поголема група на демонстранти се собрале пред театарот.

Извикувајќи ги слоганите против Макрон, демонстрантите се обиделе да влезат во театарот, а француската полиција го евакуирала Претседателот.

Реформите на пензискиот систем

Повод за протестите и штрајковите кои во Франција траат од 5 декември минатата година бил најавениот владин план за реформа на пензиоскиот систем.

Администрацијата на францускиот претседател Емануел Макрон со новиот план заговара висината на пензиите да се пресметува на основа на износот на платата која работникот ја имал во текот на целата кариера, а не на основа на последните пет години од кариерата на работникот. Синдикатите тврдат дека ова ќе резултира со помали пензии за идните пензионери.