ЕкономијаНовостиСвет

Приходите на Арчелор Митал во БИХ се намалиле за 30 отсто, затворена фабриката со 200 работници

   Време за читање 1 минута

Компанијата АрчелорМитал, еден од најголемите и најважните стопански субјекти во Босна и Херцеговина, е на работ на опстанок. Компанијата минатата година постигна катастрофални резултати, а последните најави од компанијата кои пристигнуваат деновиве не се воопшто оптимистички, пишува БизнисИнфо.ба, пренесува Пословни хр.

Според податоците на овој портал, приходите на компанијата за годинава се намалени за околу 320 милиони КМ или околу 30 отсто. Минатата година компанијата забележа нето загуба од 159 милиони КМ. Најголемите фактори кои влијаат на финансиските перформанси на компанијата во 2023 година беа тоа што пратката на готови производи беше на најниско ниво во последните 14 години, поради помалата побарувачка од 12 отсто во споредба со претходната година; како и поскапување на струјата за 20 отсто. Исто така, просечните продажни цени на челикот во 2023 година беа за 22 отсто пониски во однос на 2022 година, а имаше и значително зголемување (20 милиони КМ) на трошоците за плати од 16 отсто.

Компанијата минатата недела објави дека се обидува да најде начини за излез од сегашната ситуација, со оглед на тоа што поради ниската цена на челикот на светскиот пазар, се соочуваат со големи предизвици во бизнисот. Тие, меѓу другото, одлучија да го прекинат производството на кокс, а рекоа дека ова е само еден од чекорите што планираат да ги преземат во наредниот период на овој план. Коксарата вработува вкупно 200 работници. Вкупно околу 3.000 работници се вработени во Митал во Зеница и Приједор, но има и цел ланец

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *