ЕкономијаМакедонијаСиндикат

Проблемите на работниците од Еурокомпозит дојдоа до конечно решение

работниците од Еурокомпозит дојдоа до конечно решение - Работник
269views

На средбата која се одржала во понеделникот, помеѓу претставниците на Еурокомпозит и претставниците на Владата, се разгледале сите опции кои што би довеле до решенија, меѓутоа од многу причини, се сведе на една опција. Еден дел од обврските да ги преземе Владата како што имавме случај до сега. Таквиот предлог треба да се разгледа во Владата, да се процесира и преку законско решение да се верификува обврската којашто треба да ја преземе Владата, истакнува Претседателот на Синдикатот за Индустрија, Енергетика и Рударство – СИЕР, Пеце Ристески.

Тој истакна дека такви случаи имало во 2011 и 2012 година за тогашните четири загубари. Тие како синдикат сметаат дека и овој пат треба да се примени истиот метод и да се земе во предвиди дека Еурокомпозит е сто проценти под државна сопственост.

„Ние се надеваме дека тоа решение ќе биде прифатено и реализирано. Исто така морам да кажам дека подолг период го разгледувавме тоа решение со претставниците на Владата, поточно со Заменикот на Претседателот на Владата, Кочо Анѓушев и остана само таа опција“, рече Ристески.

Додаде дека на неколку средби наназад, вклучувајќи ја и последната средба, им било речено дека има потенцијален инвеститор кој нуди 1,5 милиони евра, но тие немале контакт со инвеститорот, за да знаат во која насока тој размислува ќе оди претпријатието.

Нивен предлог е претпријатието да оди во стечај со реорганизација во стечај, што значи Еурокомпозит да продолжи да работи и да немаа ликвидации.

Претседателот на синдикалната организација на Еурокомпозит, Роберт Богдановски рече дека после две годишни штрајкови и протести пред Влада, дошле до еден заеднички договор. На последната средба којашто се беше на 10 јуни со Заменик Претседателот на Владата, Анѓушев било договорено, Владата да ги плати нивните придонеси од околу 2 милиони евра и да влезе странски инвеститор,

„Странскиот инвеститор нуди некаде околу 1,5 милиони евра коишто треба да се поделат на сите доверители во фабриката. Не е сто проценти решен проблемот, но со овој предлог 70, 80 % го решаваме нашиот проблем, што значи дека поголемиот дел од работниците се задоволни од ова. Најгорко прашање за нас беше плаќањето на стажот кој што не е платен седум години“, рече Богдановски.

Што се однесува до отпремнините за 154-ицата работници прогласени технолошки вишок кои се околу 200.000 евра ќе се разговара со премиерот и вицепремиерот, навестува Пеце Велјаноски од Иницијативниот одбор на работниците прогласени за технолошки вишок пишува Плусинфо.

„Како недокажано висат отпремнините за 154-ицата работници од околу 200.000 евра. Се надеваме дека ќе се најде решение со вицепремиерот и со премиерот Заев со кого деновиве имаме закажано средба. Мислам дека ќе се изнајде решение и еднаш за секогаш да биде затворено ова прашање со „Еурокомпозит “, изјави Велјаноски, за Плусинфо.