ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Прогнозирале дека овој сектор ќе има светла иднина, но сега никој не сака да работи, ни за 2,000 евра плата

   Време за читање 2 минути

Во Шпанија, најголемиот произведувач на јагнешко месо во Европската унија, драстично опаѓа производството поради недостигот на овчари, намаленото консумирање на месото и недоволната исплатливост од работењето во овчарството. Производството лани било за 41 % помало во однос на 2007 година, покажуваат податоците на тамошното здружение на произведувачи „Pastores Grupo Cooperativo“.

На овчарите и селата им се заканува изумирање, но ние сакаме да го одбраниме и зачуваме овој сектор, стар повеќе од 1,000 години“, рекол Претседателот на ова здружение, кој воедно е и фармер, за Хина.

„Pastores Grupo Cooperativo“ здружува 800 овчари од 400 села во покраината Арагон во североисточниот дел на Шпанија, пишува Poslovni dnevnik. Имено, во тој регион се произведува 10 % од вкупното месо во Шпанија.

Во рестораните во градовите како Сарагоса и Хуеска, на гостите им се нуди меко јагнешко месо со специфичен мирис наречено Ternasco de Aragon, кое се смета за специјалитет ширум оваа европска земја.

Локалниот овчар, Антонио Енфедаке (61) одгледува животни од кога знае за себе, а конкретно со овчарство почнал да се бави во 1980-та година, во очи на влегувањето на Шпанија во ЕУ, кога на овој сектор му се прогнозирала светла иднина.

Антонио, на кој во чувањето на 3-те илјади овци му помагаат двајцата синови, сега не успева да пронајде работници, иако нуди месечна нето плата од 2,000 евра. На пазарот, едноставно, нема овчари.

Не е тоа само шетање со овците. Потребно е и знаење за нив, за лековите и храната, вели овој фармер.

Сепак, она што на многумина веројатно им смета кај оваа професија е фактот дека овчарите немаат годишен одмор и работат по 14 часа дневно, додека по пасишта дува студен ветер.

И самиот Антонио вели: „Не знам дали децата воопшто ме познаваат“, алудирајќи на долгата отсутност од дома поради пасењето на овците. На овчарите понекогаш им е тешко и да најдат девојка, а подоцна и сопруга.

Сепак, помладиот син на Антонио (23), кој го носи истото име, прифатил да ја работи оваа работа за која вели дека „не може да се научи за една година“.

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Shutterstock

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *