ЕкономијаМакедонија

Програмата Обнова на Македонија, нуди одговор на проблемите на земјоделците, младите, работниците и пензионерите

161views

На луѓето им е преку глава од националните понижувања, на луѓето им е преку глава од економските опустошување. Луѓето сакаат правда, сакаат ред, сакаат битка со корупција и организиран криминал. Тоа е порака кој што доаѓа од секаде. Тоа е нешто што го слушаме без разлика каде одиме, што само говори колку маките и потребите на луѓето на крајот на денот се различни ама сепак исти. Луѓето сакаат еден нормален живот, живот во кој ќе има ред, правда и подобри услови од ова што е сега, изјави носителот на Изборна единица 4 и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски пред жителите на општина Неготино.

Николоски нагласи дека предвремените парламентарни избори се клучни за граѓаните но и за државата, укажувајќи дека потребно е ставање крај на националното понижување изминатите три години од страна на власта на СДСМ и Заев.

Програмата Обнова на Македонија дава одговори на клучните прашања за Македонија. Но, она што е за мене суштински битно, ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на партијата Христијан Мицкоски и тимот околу него, се гарант за зачувување на Република Македонија ваква каква што ја познаваме, затоа што верувајте на овие избори иднината на државата е доведена во прашање. Ако пред три години на било кого му изгледаше невозможно дека за само три години може да се промени името на државата, да се воведе двојазичност во државата и каде што има потреба и каде што нема потреба за тоа, понатаму да се тргува со историјата и да се тргува со највисоките државни позиции, за жал после три години гледаме дека тоа можело да се случи. Нешто што генерации го граделе, со децении со векови наназад, еден корумпиран тип го уништи за само три години. И затоа овие избори се клучни за да ставиме крај на тие политики, да ставиме крај на националното понижување на Македонија, вели тој.

Носителот на изборна единица 4 Николоски истакна дека програмата Обнова на Македонија е одговор на сите проблеми на земјоделците, работниците, младите и пензионерите.

Нашата програма е за сите вас, за земјоделците за пензионерите, за младите, за работниците, за понижените, за угнетените, за оние кои што стравуваат дали утре ќе имаат работа, дали ќе имаат сигурна плата, дали ќе стигне пензијата, или колкава ќе биде откупната цена на земјоделските производи. Оваа програма е за сите вас и ги има одговорите на тие прашања, додаде тој.

Николоски се осврна и на три годишното владеење на СДСМ и Заев при што додаде дека Заев во тригодишниот мандат не успеал да реализира ништо за граѓаните од изборна единица 4, посочувајќи токму тоа е мотивот за неговата кандидатура, да го победи Заев на домашен терен.

Јас не сум ниту од Неготино, ниту од Кавадарци, ниту од Струмица, ниту од Гевгелија и јас не можам да се правам поголем локал патриот од било кој од вас. Ама знам нешто друго. Мојот кандидат кој што глуми голем локал патриот не успеа атмосферска и фекална канализација да си направи во неговото Муртино, кое што од уста не го вади, па на луѓето фекалиите им течат по улица и летно време се предмет на зарази. Големиот локал патриот во три години  мандат камен не стави во четвртата изборна единица. Еден пат започна да се гради од Штип до Радовиш камен нема ставено за три години, да не зборувам за другите ветувања кои што ги имаше тука. Мојот мотив да дојдам тука е за да го победиме дома. Затоа што со победа дома ќе победиме и на ниво на целата држава и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира идната влада.

Во однос на заканите од Заев кон него и кон ВМРО-ДПМНЕ,  Николоски вели дека неговите закани повеќе не поминуваат бидејќи како што рече оние кои што се силни на зборови обично се слави на дела, повикувајќи го Заев да излезе пред македонската јавност и да одговори дали да го докаже потекло на капитал на неговото богатство и на богатството на неговото семејство.

Го повикав од Демир Капија ќе го повикам и од тука, го слушам вчера во напад на нервоза почнал да се заканува. Почнува да се заканува и кон мене и кон ВМРО-ДПМНЕ. Но, закани не поминуваат, јас не сум таков ниту таков карактер, а уште помалку претседателот на партијата. Сме биделе ние многу поголеми и позначајни од него. Тие кои што се силни на зборови, обично се слаби се на дела. Но имам нешто да му порачам, во нашата програма за обнова на Македонија една од определбите е враќање на правната држава и владеењето на правото, а еден од проектите е испитување на потеклото на капитал на сите политичари и останати јавни личности. Го прашувам дали е во можност да излезе и јавно пред македонската јавност да гарантира дека може да докаже потекло на капитал на неговото богатство и на богатството на неговото семејство , кое што во годините додека тој е на власт, 18 години е на различни позиции и по разни фотелји во Македонија, значи дали може да докаже дека богатството го стекнале чесно, дали тој и неговото семејство може да докажат потекло на капитал  на се што имаат. Еве фрлена ракавица, нека излезе нека докаже. Но не да молчи да одговори, а не три дена како неговиот бизнис партнер од Струмица бега и не кажува како е возможно кога во услови на корона криза, во услови кога македонското стопанство страда и пропаѓа, во услови кога повратокот на ДДВ за обични мали фирми доцни по 10 месеци, нив за само 4 месеци фиктивно да им се вратат без контрола 5,2 милиони евра со кои што очигледно криминално се финансира кампањата на СДСМ, изјави Николоски.