UncategorisedЕкономија

Продадена е една од најголемите фабрики во СФРЈ за 1,1 милијарди динари

Продадена е една од најголемите фабрики - Работник
201views

Индустријата за мотори Раковица АД која е во стечај продадена е за 1,1 милијарди динари.

Некогашниот индустриски гигант на СФРЈ го купил конзорциум кој го сочинуваат Институт за изградба на градот и акционерското друштво Хемпро од Белград.

Агенцијата за лиценцирање на стечајните управници до 30 септември организирала продажба на ИМР преку методот на јавно собирање на понуди.

Одборот на доверители донел одлука за прифаќање на понудата на 15 октомври оваа година.

Вредност на Индстријата на мотори е проценета на 2,9 милијарди евра, а прифатена е понуда во висна од 1,1 милијарди денари.

Проценетата вредност од 2,93 милијарди динари се однесува на сеум погони, магацини, складишта со површина од 75,997 метри квадратни и други објекти.

„Во пакет“ е и целокупната опрема на фабриката за произведување на мотори, трактори и кабини, алати и резерви за производство.

Некогашниот гигнат Индустрија на мотори Раковица вработувал 7,000 работници, а тој е во стечај од април 2017 година.