ЗанимливостиМагазинНаука

Продадени повеќе од 1,5 милијарди видео игри

Продадени повеќе од 1,5 милијарди видео игри - Работник
70views

Иако доаѓањето на најновата генерација на конзоли е пред нас, продажбата на Playstation 4 не се забавува.

Интересот секако е помал од претходните години, но многумина дури сега ја земаат „четворката“ бидејќи цената паѓа подрастично. Индикатор за тоа се резултатите од продажбата собрани до 30 септември, пренесува play.co.rs.

Имено, досега се продадени над 113,6 милиони примероци од конзолата Playstation 4, околу три милиони повеќе уреди отколку во мај годинава. Импресивна и уште посилна продажба има во видео игрите во секоја форма, каде што се продадени околу милијарда и пол игри од доаѓањето на генерацијата.
Навистина импресивна бројка што зборува за себе колку успех имал Сони со ексклузивците објавени во изминатите седум години. Како што известува познатиот аналитичар Даниел Ахмад, ова значи дека секој корисник на конзолата PS4 има во просек околу 13 видео игри во сопственост.
И кога ќе излезе Sony Playstation 5, PS4 ќе остане прв избор за многумина барем уште некое време, бидејќи се очекува недостиг на нови конзоли, а Sony продолжува да издава видео игри и за стариот систем.