ПравдаСветСиндикат

Продолжуваат нередите во Париз, Макрон не се откажува од пензиската реформа

Продолжуваат нередите - Работник
152views
Француската полиција употребила солзавец за да ги растера демонстранатите кои го блокирале паркингот за автобуси во Париз, протестирајќи поради плановите на Владата на Претседателот Емануел Макрон, старосната граница за излегување во пензија да ја зголеми од 62 на 64 години.

Протестите кои денеска влегоа во 29 ден, се најдолги од 1968 година.

Францускиот тврдокорен синдикат ЦГТ ги повикал, вчера луѓето на продолжување на штрајковите во земјата, откако Претседателот Емануел Макрон изјавил дека нема да се откаже од реформата на пензискиот систем бидејќи таа е „проект на социјална правда и напредок“.