- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Продолжуваат протестите, се бараат свадби – Владата засега не сака ни да слушне

Продолжуваат протестите - Работник
110views

Сопственици на ресторани, музичари, фотографи, камермани и други чија дејност е поврзана со свадбите, повторно протестираа со блокирање на булеварот „Александар Македонски“ во скопска Автокоманда. Тие не се откажуваат од нивните барања државата итно да донесе протокол за организирање свадби и други прослави како и за работата на ноќните клубови. Велат дека не се задоволни ниту со досегашната финансиска помош од државата, барајќи дополнителен пакет економски мерки.

Угостителите се пожалија велејќи дека државата им помагала само 6 месеци за платите на вработените а другите трошоци ги покриваат сами уште од затворањето на локалите во јуни минатата година.

Advertisement

„Ние бараме да работиме по поригорозни протоколи, за таа причина Владата треба веднаш да го смени член 14 од указот објавен во Службен весник на датум 23.06.2020 со кој се забранува организирање на каква било манифестација, свадби, верски прослави, веридби, родендени итн во отворените и затворените делови од објектот“, истакна Љуљзим Хасани.

И покрај протестите на угостителите, МЗ нема да ги смени мерките за заштита од Ковид 19 за рестораните каде се организираат свадби.

Advertisement

Во одговор за ТВ21 изјавија дека протоколите се менуваат врз основа на мислењето на експертите, тогаш кога ќе оценат дека е соодветен момент.

„Комисијата за заразни болести во континуитет ја следи епидемиолошката состојба со коронавирусот во земјава и во регионот. Сите предлози за промена во протоколите ги спроведува врз основа на стручни мислења и во периодот во кој според нив е соодветен се со цел зачувување на колективното здравје на граѓаните. Во моментов нема промена за протоколите во однос на угостителските објекти. Во случај на понатамошни препораки или промена во протоколи, јавноста ќе биде навремено информирана“, велат од Министерството за здравство.

Ниту владата не планира да ги прими демонстрантите на разговор. Од таму велат дека нивната одлука за угостителите и другите дејности кои се засегнати зависи од препораките што ги носи комисијата за заразни болести. Инаку угостителите и музичарите не се откажуваат, велат дека ќе

Продолжат да протестираат и пред владата додека не им дозволат барем со ограничувања и дистанца да организираат свадби.

Advertisement