ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Продуктивноста е клучна за зголемувањето на платите во текстилната и кожарската индустрија

Продуктивноста е клучна - Работник
234views

Бобан Илијевски

Факт е дека за состојбите во текстилната индустрија, од 2007 година кога имало повеќе од околу 43,000 работниците, бројот на вработени во 2018 падна на 30,000 вработени, рече Претседателот на Здружението на текстилната и кожарската индустрија, при Стопанската Комора на Македонија, Ангел Димитров.

„Ова го покажуваат и најновите статистички податоци за учеството на текстилната индустрија во вработеноста. Така да, ако во 2009 година, текстилната индустрија учествувала со 37,9 проценти, од вработените во преработувачката индустрија, во 2018 година учествувала само со 28,82 проценти“, рече Димитров.

Тој посочи дека слична е состојбата и со учеството во вкупната индустрија. Во 2009 година текстилната индустрија учествувала со 9,32 проценти, а во 2018 година тој процент паднал на 6,32 проценти.

Што се однесува до платите кои, според Димитров биле многу експлоатирани во минатото, како доказ дека текстилната индустрија треба да пропадне и дека не е добра и т.н, платите во 2009 година во производството на облека биле 9,135 денари просечна нето плата, додека во 2018 година изнесувале 15,421 денар, што покажува пораст од 69 проценти.

Во однос на просечната плата во државата, односно целосното стопанство, во 2009 година, платата во текстилната индустрија била 46 проценти од просекот, а во 2918 година таа дури 64 проценти, во однос на просекот во индустријата, што покажува дека како резултат на немањето на кадар и како резултат на растот на минималната плата, просечните плати во оваа индустрија растат повеќе од тие во останатите индустрии.

Најновите податоци од заводот за статистика покажуват дека нето платата во декмври 2019 година, во однос на декември 2018 година е зголемена за 4,1 процент и изнесува 26,836 денари, во целата индустрија во Македонија, додека во индустријата на облека, во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година има раст за 12, 2 проценти и изнесува 17, односно 16.

„Додека во целата индустрија за целата година платите растеле за 4,1 проценти, во индустријата за облека пораснале за 12,2 проценти“, рече Димитров.

Што се однесува на бројот на компании, тој рече дека во 2012 година имало 1,096 компании, додека во 2017 година тој број се намалил на 953 компании или 143 компании престанале да работат.

Главни предизвици на текстилната индустрија

Според Димитров потребно е да се вложи во современа технолошка опрема, за да се зголеми продуктивноста, да се насочи образованието, започнувајќи уште од оснонвното образованиер за создавање на стручни кадри, како и да има на средните стручни училишта и факултетите од природните науки кои се витални за македонската индустрија.

Тој како еден од предизвиците на текстилната индустрија го спомена и егзодусот на младите и рече дека потребно е да се водат политики коишто би настојувале кон тоа младите да останат и да работат во македонската индустрија, а не тука компаниите само да ги обучуваат и тие знаењето да го применат за придобивките на странска економија.

Димитров посочи дека пред 2005 година големо задоволство на луѓето било да работат во текстилната индустрија, поради тоа што таму биле поголеми платите од јавниот сектор, додека, како што вели тој, сега е спротивното.

Универзитетскиот професор Дарко Лазаров посочи дека без зголемување на продуктивноста, не може да се зголеми минималната плата, како и дека концептот на минималната плата е сосема погрешно сфатен, бидејќи таа служи за да ги заштити вработените во најниско платените дејности.