СветСиндикат

Производството на „Фијат 500 Л“ продолжува по 4 ноември

Производството на „Фијат 500 Л“ продолжува по 4 ноември - Работник
174views

Производните траки на Фијат повторно ќе бидат запрени до 4 ноември, кога работниците ќе се вратат од платено отсуство, рекле од Самостојниот синдикат во фабриката во Крагуевац, пренесува Бета.

Последниот работен ден за вработените во производството на „Фијат Крајслер автомобили Србија“, бил на 18 октомври.

Според зборовите на Претседателот на синдикатот Зоран Марковиќ, новата пауза е “резултат на усогласувањето на производството со побарувачката“ и фактот дека ФЦА не произведува автомобили за „залихи“.

Марковиќ рекол дека во октомври имало уште неколку неработни денови кои се „изгубени“ поради проблеми со добавувачите.

Работниците на ФЦА биле на платено отсуство и од 19 септември до 1 октомври.