ЕкономијаМакедонија

Прометот во индустријата во јули со пад од 7.5 % во однос на лани

38views

Прометот во индустријата во јули годинава во однос на јули лани забележа пад од 7,5 отсто, во јули 2020 година, во однос на јуни 2020 година, забележа раст од 1,7 отсто, додека во периодот јануари-јули 2020 година, во однос на периодот јануари-јули 2019 година има намалување од 16 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, бележи пораст кај трајни производи за широка потрошувачка за 0,8 отсто, додека опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 6,8 отсто, капитални производи за 10,9 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,7 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, има намалување од 2,2 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, бележи пораст кај трајни производи за широка потрошувачка за 1,6 отсто, додека опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 3,3 отсто, капитални производи за 16,7 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,3 отсто.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во јули 2020 година, во однос на јуни 2020 година, има раст од 9,1 отсто додека во периодот јануари-јули 2020 година, во однос на периодот јануари-јули 2019 година, има намалување од 3,1 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на странските пазари, во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, има намалување од осум отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, бележи пораст кај трајни производи за широка потрошувачка за 18,9 отсто, додека опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 5,5 отсто, капитални производи за 10,1 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,7 отсто.

Прометот во индустријата на странските пазари, во јули 2020 година, во однос на јуни 2020 година, има намалување од 0,3 отсто, додека во периодот јануари-јули 2020 година, во однос на периодот јануари-јули 2019 година, намалување од 19,5 отсто.

Извор: Лидер