Наука

Пронајдена планета слична на Земјата во блиското соседство

Пронајдена планета - Работник
450views

Испаѓа дека нашето вселенско соседство е богато со планети. Имено, астрономите неодамна пронашле нова егзопланета која е малку поголема од Земјата, орбитрира околу црвеното џуџе, а од нас е оддалечена само 66,5 светлосни години.

Црвеното џуџе е ѕзезда која има маса 2 до 3 пати помала од Сонцето и која зрачи од 10 до 10,000 пати послабо од нашата ѕвезда.

Нашата способност на откривање и запознавање со егзопланети практично експлодирала од првото такво откритие во 1992 година. До сега се откриени преку 4,100 егзопланети и со тоа имаме подлабоко разбирање за тоа како настануваат и како се развиваат планетарните системи.

Но, поради тоа што бараме мали, едвај видливи точки или речиси потполно темни вселенски објекти кои тешко се забележуваат од далеку, природно е поголемиот број на потврдени егзопланети да се гасовидни или ледени како Нептун.

Според меѓународниот тим кој го предводи астрофизчарот Ави Шпорер од Институтот за астрофизика и вселенски истражува Кавли од МИТ, карпестите планети слични на Земјата се многу тешки да се измерат и да се окарактеризираат, бидејќи често ги наоѓаат околу ѕвездите кои не се доволно светли за да овозможат подетални анализи на објектите кои орбитрираа околу нив.

Затоа откривањето на оваа нова егзопланета е толку значајно, пишува Science Alert.

ГЈ 1252 б е околу 1,2 пати поголема од Земјата. 

„Во истражувањето го претставуваме откритието ГЈ 1252 б, мала планета која кружи околу џуџето од тип М“, велат астрофизичарите од МИТ.

ГЈ 1252 б е околу 1,2 пати поголема од Земјата и има маса околу два пати поголема од нашата планета (така да е малку погуста од земјата). Таа орбитрира околу црвеното џуџе  ГЈ 1252 кој има 40 проценти од големината и масата на Сонцето.

Егзопланетата се врти околу своите ѕвезди еднаш на секои 24 часа, што значи дека премногу е блиску до ѕвездите за настанување на живтот каков што го познаваме и веројатно е секогаш свртена кон ѕвездите од иста страна.

Но, токму таа блиска орбита на оваа егзопланета ни овозможува да ја следиме бидејќи ја опфаќа доволно светлост од нејзиното „Сонце“.

Што повеќе вакви карпести планети најдеме во нашето блиско соседство, толку повеќе податоци ќе имаме со помош на кои ќе можеме да утврдиме колку таквите планети се чести и дали Земјата е некое вселенско чудо, односно дали поголемиот дел на карпестите планети се неплодни пустини как Меркур, Венера и Марс.