ЗанимливостиНаука

Пронајдени саркофази од династијата на Тутанкамон на западниот брег од Нил

Пронајдени саркофази од династијата - Работник
58views

Египетските археолози откриле повеќе од 20 древни саркофази во близина на градот Луксор, а на нив се сеуште видливи остатоци од светли бои. Саркофазите се откриени на западниот брег на реката Нил. Биле наредени во два реда, еден над друг, пренел ББС.

Египетското министерство за антиквитети ова открие го нарекло дека е „едно од најголемите и најважните“ во последните неколку години. Поголемиот дел од гробниците во некрополата Асасиф потекнуваат од доцниот период (664 – 332 години п.н.е) на древен Египет.

 

Меѓутоа таму се наоѓаат и саркофази од порано, 18 династија (1550 – 1229 година п.н.е ) кои припаѓале на фараони како Хатшепуст, Аменхотеп 3 и Тутанкамон.

Министерот за антиквитети минатата седница објавил дека археолозите откриле древно „индустриско подрачје“ во западната долина на Луксор на која се наоѓа „објект за складирање и чистење на погребната опрема, со многу керамика од 18 – та династија.

Повеќе детали за ова неверојатно откритие, министерството ќе го објави на прес – конференција која ќе биде одржана во сабота.