Наука

Пронајден вонземен протеин на метеорит?

Пронајден вонземен - Работник
601views

Научниците сметаат дека со напредна технологија во една вселенска карпа која паднала на Земјата пред 30 години пронашле недопрен вонземски протеин.

Доколку се потврдат нивните наоди, ова ќе биде првиот протеин кој не потекнува од Земјата.

Физичарот Малком Мекгеош од корпорацијата Плех и неговите колеги користеле современа технологија на масена спектометрија за да ги анализираат аминокиселините во метеорот Ацфер 086 кој бил пронајден во Алжир во 1990 година, пишува Science Alert.

Новооткриен протеин

Иако вонземскиот протеин не е автоматски и доказ за вонземски живот, бидејќи протеините можат да настанат од разни природни процеси.

Тимот во метеорот пронашол силен сигнал на аминокиселината глицин и открил дека таа е поврзана со други елементи, како железо и литиум. Подоцна сфатил дека таа аминокиселна не постои самостојно, туку е дел од новооткриен протеин кој го нарекле хемолитин.

Иако хемолитинот по структура наликува на земски протеин, неговата количина на деутериум и водород не одговараат со ништо на Земјата, но е во соглсност со она што се очекува да се најде на комета. Научниците поради тоа сметаат дека овој протеин е од вонземско потекло и дека веројатно се формирал во прото – соларниот диск пред повеќе од 4,6 милијарди години.

Потребни додатни проверки

Тимот напоменува дека постои можност да се работи за полимер, голем собир на молекули кои му припаѓаат на протеинот, што сепак би значело дека не се работи за „мали зелени“ молекули.

За да се потврди вонземското потекло, односно постоењето на протеинот хемолитин, независните научници би требало со масна спектометрија да го одредат овој спектар и со помош на софтвер за моделирање да се обидат да ја реплицираат структурата која произведува исти или слични спектри. Тоа би можело да помогне да се одреди дали се работи за нов протеин или за некој друг вид на полимер.