ПравдаСветСиндикат

Пропаднале преговорите помеѓу Владата и синдикатите, штрајкот продолжува

Пропаднале преговорите - Работник
145views

Француската Влада вчера не успеала да ја реши кризата настаната поради предложената пензиска реформа, по што синдикатите најавиле продолжување на штрајкот за време на божиќните празници, објавил Ројтер, пренесува Хина.

За две недели индустриска акција ширум Франција парализиран е сообраќајот, повремено се затоврени училиштата, а на улица излегле повеќе од половина милион луѓе против планот за реформа на Претседателот Емануал Макрон.

Британската агенција наведува дека водачот на тврдолинискиот синдикат ЦГТ, Фелипе Мартинез рекол дека синдикатите одлучиле да го продолжат штрајкот и најавил „нов протест и штрајк од 9 јануари“.

„Премиерот не слушна што зборува улицата“, рекол Мартинез по состанокот со Премиерот Едуар Фелипе.

Премиерот Фелипе по вчерашниот состанок со синдикатите рекол дека Владата е одлучна за тоа да ги укине посебните пензиски фондови. Очекува и дека новиот пензиски закон дека ќе биде изгласан на пролет.

Без примирје и за време на Божиќ

Во соопшетнието на коалицијата на синдикати предводени од ЦГТ наведува дека нема да има примирје за време на Божиќ кога милиони Французи ќе патуваат кај своите семејства.

Синдикатот на вработените во железницата УНСА повикал на „пауза за време на училишниот распуст“ кој почнува од денеска навечер, рекол нивниот главен секретар Дидиер Матхис, пренесува Франс Прес.

Речиси 60 проценти од возовите предвидени за 23 и 24 декември засега се откажани поради штрајкот на машиновозачите.

Синдикатот на машиновозачите ЦГТ кој е најголем во националната железница одлучил дека ќе продолжи да го парализира железничкиот сообраќај во целата земја.

„Предвидени се две акции: штрајкувачки Божиќ и големи собири на 28 декември“, објави ЦГТ.

Водачот на умерениот синдиакт ЦФДТ кој се воздржал од повикот на протест на 9 јануари, вели дека сеуште не се согласува со владиниот предлог дека за добивање на полн износ за пензија, треба да се работи до 62 години.

Синдикатите се противат на предлогот на Макрон за измена на пензискиот систем по кој пензионирањето би започнало од 64 години, наместо до 62 години.