ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Просветарите во Далмација не се платени за деновите во кои штрајкувале

Просветарите во Далмација - Работник
145views

И покрај договорот на Владата на Хрватска и синдикатите дека деновите во кои штрајкуваа просветните работници ќе им бидат платени на сите, некои од наставниците и учителите останале без пари за тие денови, пишува порталот 24 часа.

Од синдикатот на хрватските учители за порталот 24 часа, рекле дека се работи за неколку основни училишта на подрачјето на Далмација, а исплатите ги стопираат основачите. Интересен е и случајот на еден учител кој во текот на штрајкот бил на боледување и на кој Хрватскиот Завод за здравствено осигурување му ги намалил додатоците за боледување за тие денови, иако тој не штрајкувал.

Од Министерството за наука и образование не добиле никаков коментар, пишуваат од 24 часа.

„Имаме и проблем со неплатените зголемувања за работа во сабота. Имено, без оглед на штрајкот, наставниците многу често не го добиваат тоа покачување, иако тоа е дефинирано со грански колективен договор“, истакнува правничката на синдикатот на хрватските учители, Ана Тушкан.

Се работи за наставници кои, на пример во сабота извршуваат теренска настава, ги водат учениците во Вуковар и слично. Просветните синдикати инсистираат на тоа дека работата во сабота мора да биде платена и дека не може да се правда со одредување на ден за штрајк.

„Тоа е една работа, а другата е прекувремената работа за додатоци кои според договорот нема да се платат. Многу е важно да се одвојат овие две теми, бидејќи се стекнува впечаток дека наставниците бараат нешто што не им припаѓа, а тоа не е точно“, истакнува Тушкан.

Од синдикатот Препород на своите членови им испратиле и образец од барањето за исплата на саботите.

„Ние сме подготвени на масовни тужби поради неисполнување на колективните договори. Зголемувањето за   исплатите за саботите изнесува 10 евра, а пишување на една тужба и до 53 евра. Не знам како тоа им се исплаќа“ вели Претседателот на синдикатот Препород, Жељко Стипиќ.

Некои од наставниците се пожалиле дека во текот на штрајкот биле на боледување или на стручно усовршување, нивните замени добиле плата иако штрајкувале, а тие сега мораат да ги одработат додатоците кои нема да им се платат. Тоа го потврдуваат и од Министерството, а се однесува и на оние кои не штрајкувале.

„Тие лица се обврзани во текот на своето работно време да ги извршуваат сите задачи кои ќе им ги додели работодавачот и за тоа немаат право на додатоци, односно прекувремена работа“, истакнуваат од Министерството. Од синдикатот на хрватските учители велат дека со штрајкот се постигнати цели за поголемиот дел од учителите и наставниците.

Штрајкот мора да се одработи, наставата е право на учениците, како и тоа да го испочитуваме договореното, порачуваат. Стипиќ додава дека оние кои не штрајкувале и не зеле удел во синдикалните акции, сега бараат синдикални права.