СветСиндикат

Просветарите го повикуваат хрватскиот Премиер на дијалог

Просветарите го повикуваат - Работник
115views

Просветните синдикати на Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ му испратиле отворено писмо во кое го повикуваат на обновување на социјалниот дијалог и состанок на кој би ги презентирале своите аргументи врзани за штрајкот во училиштата, пренесува Агенцијата Хина.

Синдикатот на хрватските учители и Независниот синдикат на вработените во средните училишта бараат состанок на кој би аргументирале зошто бараат промена на Уредбите за коефициентите на сложеност на работата, односно зголемување на коефициентот за поголемиот дел на вработените од 6,11 посто.

Членовите на тие синдикати кои штрајкуваат од 10 октомври, порачуваат дека сакаат повторно да воспостават социјален дијалог преку кој ќе се тргне кон решавање на проблемите.

Во писмото наведуваат дека Пленковиќ со нив го прекинал социјалниот договор после 17 септември и не им дал прилика да ги аргументираат своите барања.

Продлабочување на проблемите.

Тврдат дека и преку процесот на помирување, после најавата за штрајк, од страна на Владата немало сериозни намери за решавање на спорот, па помирувањето завршило неуспешно.

Премиерот во четвртокот рекол од седницата на Владата синдикатите да бидат разумни и да се вратат на социјалниот дијалог, но синдикатите тврдат дека тој одбива разговори.

Имено, синдикатите добија поддршка и од факултетите кои наскоро ќе започнат штрајк, со кој, според нив, ќе се донесе нов импулс.