ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Просветните работници во Грција за утре закажаа штрајк- училиштата ќе бидат затворени

sdr
144views

Преку штрајкот и протестите, просветните работници бараат да се повлече и да не се гласа законот, бараат да се поништи амандманот за пренесување во живо на часовите, со помош на камери во училниците, бараат да се зголеми финансирањето на образованието од државниот буџет, како и да се преземат сите неопходни здравствени мерки за безбедно работење на училиштата.

Синдикатите на просветните работници добија поддршка и од синдикатот на вработените во јавниот сектор.

Паралелно, за утре напладне е закажан е и протест во центарот на Атина, додека пак за во среда попладне синдикатите на просветните работници најавија нов собир, но и концерт пред грчкиот Парламент во исто време додека пратениците гласаат за новиот закон со измените во образовниот систем.

Протести се закажани и во другите грчки градови.