- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Просветните работници во Србија одржале предупредувачки штрајк

Просветните работници - Работник
1.08Kviews

Синдикатот за образование на Србија денеска одржак предупредувачки штрајк и не ги одржале првите часови во првата и втората смена. 

Штрајкувачите бараат од српската влада да почне да го применува законот за плати на вработените во јавниот сектор (платни групи и оценки) од 1 јануари идната година, а доколку не почне примената на тој закон за сите вработени во образованието, да биде зголемена платата за 15 отсто. Образовниот синдикат на Србија бара и изедначување на цената на трудот за сите дејности во образованието, формирање паралелки со помал број ученици во основните и средните училишта, како и стручни соработници и ненаставен кадар финансиран сразмерно на број на часови.

„Вработените во образованието речиси две години работат во тешки пандемични услови и го одржуваат образовниот процес во вонредни околности. Не е познат бројот на болни вработени и ученици, а владата и министерството за образование, наука и технолошки развој се глуви на апелите на синдикатот дека просветните работници се материјално и професионално понижени”, се наведува во соопштението.