Светот на работникот

Просветните работници се мачат да поминат време со своите деца поради преголемиот обем на работа

Просветните работници - Работник
407views

Порталот Работник ви издвојува приказна за наставничка која зборува за тоа колку им е тешко на наставничките да работат и во исто време да бидат родители.

Влегов во мојот дом и ја оставив мојата наставничка торба до вратата.

Би сакала да можев да речам дека ќе остане таму до наредното утро, но тоа не е точно. Во едната рака го држев моето дете и влегов низ ходникот. Го седнав во кујната и му го посветив моето целосно внимание. Го заслужуваше моето внимание, после целодневната разделба од него, но се мачев да му се посветам. Сакав да бидам најдобрата верзија од самата себе, како што бев во 9 наутро во мојата училница, но тешко ми е да го постигнам мојот утрински ентузијазам после долг ден предавање.

Проѕвевав додека го подготвував ручекот и додека му помагав на моето постаро дете со неговата домашна работа. Се смеев за време на бањањето на најмалото дете и приспивните приказни, мојот најомилен дел од денот. Како што легнав до малото момче коешто не можеше да заспие, се обидов да се одморам и да дремнам неколку моменти, но наставничките задачи кои треба да ги завршам ме прогонуваат. Ова беше единственото време од денот кога можев да се фокусирам на оценувањето на тестови.

Знам дека многумина мислат дека треба да ги завршувам моите задачи во планираното време. Во совршен свет и би ги завршувала. Но, тоа време вообичаено го трошам на трчање по собите за пауза, просториите за копирање и пополнување на плановите за настава, состаноци со родители на деца или некој друг состанок. Понекогаш почнувам да оценувам, но ме прекинуваат. Кога сите деца ќе одат на спиење – моите деца и децата на кои им предавам – имам време да се фокусирам. Се фокусирам на купот од тестови за оценување и уште еден куп кој мојот син го носи од училиште. Се фокусирам на мојата домашна работа и на планот за следниот ден. За време на вечерите кога сум посвежа, ги пакувам ранците и пружам облека, но повеќето од ноќите се трудам да не заспијам на столица.

Мислам дека спиењето ќе ме направи подобар наставник и подобра мајка, но тогаш сфаќам дека немам направено доволно. Мислам дека чистата куќа и училница ќе го балансираат мојот живот, но тогаш излегуваат други важни работи од страна. Мислам дека треба да се покажам како наставник, но тогаш моите деца ќе страдаат. Почнувам да се чувствувам како одличен родител, но на работа, мојата To – Do листа останува полна.

Да работиш и да бидеш родител не е лесно. Родителството не е лесно. Предавањето не е лесно. Симултаното родителство и предавање, пак, може да те направи да почувствуваш дека ќе се скршиш.