ЕкономијаМакедонија

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2019 година, изнесува 25,205 денари

Просечната месечна исплатена - Работник
399views

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, изнесува 105.4.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (13.6 %), Транспорт и складирање (11.9 %) и Градежништво (6.6 %).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (11.0 %), Рударство и вадење на камен (6.2 %) и Градежништво (2.7 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јуни 2019 година, изнесува 37 440 денари.