ЕкономијаМакедонија

Просечната нето плата за февруари 2020 година изнесува 27,206 денари

Просечната нето плата - Работник
92views

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, изнесува 112.5.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (20.1 %), Уметност, забава и рекреација (19.3 %) и Преработувачка индустрија (17.7 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14.9 %), Рударство и вадење на камен (12.8 %) и Транспорт и складирање (11.0 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2020 година, изнесува 27 206 денари.