- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Просечната нето плата за јуни месец изнесува 26 867 денари

ССМ бара да продолжи финансиската - Работник
212views

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во  јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, изнесува 106.6.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.7 %), Рударство и вадење на камен (15.2 %) и Образование (12.6 %).

Advertisement

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14.1 %), Рударство и вадење на камен (6.3 %) и Стручни, научни и технички дејности (4.3 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2020 година, изнесува 26 867 денари.

Advertisement
Advertisement

За споредба, во однос на месец мај кога просечната нето плата изнесувала 26 390 денари, просечната нето плата за јуни е зголемена за 477 денари. 

Advertisement