ЕкономијаМакедонија

Просечната плата во април 25.830 денари

Платите на болните од Ковид-19 - Работник
500views

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април годинава изнесувала 25.830 денари и споредено со нето-платата во април лани е зголемена за 4,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на повисоката просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (12 проценти), Други услужни дејности (6,9  проценти) и Дејности на здравствена и социјална заштита (6,4  проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за девет проценти, Стручни, научни и технички дејности  за 6,9 проценти и Транспорт и складирање за 6,6 проценти.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април годинава, изнесува 38.567 денар.

Извор: Лидер