ЕкономијаСвет

Просечната плата во Германија е 1,890 евра

Просечната плата - Работник
332views

Можеби размислувате да најдете работа во Германија и се прашувате колку изнесуваат просечните плати. Или можеби веќе живеете во државата и ве интересира колкава е вашата плата во споредба со другите.

Просечна плата во Германија: колку заработуваат работниците? 

Ако ги земете сите работници во Германија кои се на полно и скратено работно време, просечната плата според Статиста, германскиот онлајн портал за статистики е некаде околу 2,860 (од 2017 година).

После сите пресметки, нето платата е некаде околу 1,890 евра месечно, вели порталот Merkur.de во најновиот извештај.

Луѓето кои работат на полно работно време во Бундесрепубликата (од 35 до 40 часа е вообичаено во многу компании) примаат просечна бруто плата од 3,770 евра месечно.

Но, жените и мажите сеуште заработуваат различни плати. Родовиот јаз во Германија, односно јазот во платите помеѓу мажите и жените е околу 22 проценти во корист на мажите. Мажите кои работат на полно работно време заработуваат бруто плата од 3,960 евра, а жените 3,330 евра.

Највисоки просечни плати има во Минхен, Штутгарт, Дизелдорф и Хамбург, а најниска во Дрезден, Лајпциг и Дуизбург.