ЕкономијаСвет

Просечната плата во Германија е 2,948 евра, но кога ќе се одбијат даноците останува многу помалку

Просечната плата во Германија - Работник
42views

Врежано е мислењето дека во Германија платите се високи. Тоа е причината поради која многумина се одлучуваат да дојдат, да работат и да живеат во таа земја. Бројките не лажат, но треба да се „читаат правилно“, пишува Дојче Веле.

Така да, би требало да знаете дека кога ќе ги прашате луѓето во Германија за тоа колкава е месечната плата, ќе добиете одговор за бруто, а не за нето износот. Ако воопшто добиете одговор, бидејќи Германците тоа го сметаат за недискретно и не сакаат да одговорат на него.

Сепак, статистиките покажуваат дека просечната бруто плата во Германија во 2018 година, изнесувала околу 2,950 евра. Меѓутоа, просечната нето плата која им била исплатена на вработените во Германија била значајно пониска. Поточно, 33 отсто и изнесувала 1,945 евра. Зад тие речиси илјада евра разлика помеѓу бруто и нето износот стојат давачките на државата во вид на даноци и придонеси за разни осигурувања.

Висината на данокот кој месечно се одбива од платата притоа зависи од даночните класи на вработениот (ги има шест) кои зависат од тоа дали живеат во брачна заедница, дали се самохрани родители, дали сопружниците им работат, дали еден брачен партнер заработува значајно повеќе, дали работи повеќе работи и т.н.

Целосниот текст прочитајте го тука