ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Просечната плата во Куманово е пониска за 150 евра од таа во Скопје

Просечната плата во Куманово- Работник
50views

Со автомобил се стигнува за дваесетина минути, оддалеченоста меѓу Скопје и Куманово е само 40 километри  –  но 150 евра – толку е разликата во просечната плата која ја зема Македонец во зависност од тоа дали живее во Скопје или Куманово.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат драстични разлики во просекот на платите кои ги земаат граѓаните во зависност од тоа дали припаѓаат на развиен или помалку развиен дел од земјава. Па така просечната плата на жител на Скопскиот регион лани била 28.872 денари и тоа е највисоката плата во однос на сите останати уште седум региони во земјава. Најнискиот просек е во Североисточниот регион (Куманово, Крива Паланка, Липково, Ранковце, Старо Нагоричане) или лани таму за иста работа, ист труд просекот бил 19.761 денари. Додека пак, статистика измери дека просечната плата лани во земјава била 25.213 денари. Освен скопскиот регион каде се исплатувале плати над просекот, во сите останати седум региони во земјава се делеле плати кои се по најмалку педестина евра пониски од македонскиот просек, само Скопскиот регион е со нешто над педесетина евра над македонскиот просек. Па така, просечната плата во Варадарскиот регион е 21.052 денари, во Источниот е 20.617 денари, во Југозападниот е 22.298 денари, во Југоситочниот е 20.358 денари, во Пелагонискиот е 23.675 денари, во Полошкиот 23.528 денари.

Повеќе на Денар.мк