ЕкономијаМакедонија

Просечната плата во ноември изнесувала 25,787

Просечната плата во ноември - Работник
162views

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, изнесува 105.1.

Ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (9.5 %), Преработувачка индустрија (8.9 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (8.2 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Административни и помошни услужни дејности (3.8 %), Стручни, научни и технички дејности (2.1 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (1.6 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2019 година, изнесува 25, 787 денари.