- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Просечната плата во Црна Гора во јануари изнесувала 530 евра

Косовските печалбари - Работник
124views

Просечната плата во Црна Гора, без даноци и придонеси, во јануари изнесувала 530 евра и е за 0,6 проценти поголема од декември минатата година, според „МонСтат”.

Просечната нето-плата во јануари се зголеми за 1,1 проценти во споредба со истиот месец лани. Просечната бруто плата во јануари беше 791 евра.

„Ако имаме во предвид дека потрошувачките цени во јануари во однос на декември минатата година се зголемија за 0,3 проценти, следува дека реалните плати за истиот период се зголемија за 0,3 проценти“, се вели во соопштението.

Според „МонСтат”, просечните плати без даноци и придонеси во јануари во споредба со декември минатата година се зголемени во секторите градежништво и административни и помошни услужни дејности за 4,1 проценти.

„Раст е забележан во секторите снабдување со електрична енергија 1,3 проценти, трговија на големо и мало 1,3 проценти, информации и комуникации 1,1 процент“, соопштуваат од „МонСтат”.

Пад на просечната плата без даноци и придонеси во јануари во однос на претходниот месец е забележан во секторите преработувачка индустрија, 8,5 проценти, деловна активност со недвижнини 3,1 отсто, сместување и храна услуги за 2,3 проценти.