ЕкономијаНовостиСвет

Просечна плата во овој град во соседството е 1000 евра

Просечна плата во овој град - Работник
100views

Просечната нето-плата на вработените во Загреб за август 2020 година изнесува 7.730 куни (околу 1.000 евра), што е номинален пораст од 3,3 проценти во споредба со истиот период минатата година, соопшти Одделот за статистика на Градскиот завод за стратешко планирање и и развој на градот Загреб.

Во однос на просечната месечна плата на ниво на цела Хрватска, која изнесуваше 6.723 куни, просечната исплатена нето-плата на Загреб за истиот месец беше поголема за 1.007 куни (околу 130 евра), објави порталот Индекс.

Според податоците на Одделот за статистика, највисоката просечна нето-плата во Загреб за август е исплатена во дејноста екстракција на сурова нафта и природен гас, во износ од 12.249 куни.

Извор: Лидер