Просечна плата од 550 евра и легална размена на биткоини – дел од програмата на новиот мандатар Ковачевски
Документ од 55 страници, со прецизни поглавја и цели кои треба да се остварат во одредени рокови. Вака изгледа финалната верзија на владината програма на која новиот мандатар Димитар Ковачевски деновиве сериозно работел да ја скрои на начин, со кој треба да ги убеди народните избраници дека ќе работи за доброто на граѓаните и државата. Таа од вчера попладнето е испратена во Собранието, а за неа и за владиниот состав во избор на Ковачевски ќе се гласа веќе во сабота.
Програмата се однесува за периодот од 2022 до 2024 година, бидејќи, како што вели Ковачевски, мандатот за работа на Владата се базира на изборната волја на граѓаните од последните парламентарни избори одржани на 15 јули 2020 година, како и парламентарната и политичка поддршка претставена преку зголемено мнозинство на пратеници.
Повеќе на Фактор.мк