- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникот

Протестираат возачите на Убер во Хрватска: Парите ни ги пуштија, но сакаме да испратиме порака до компанијата

Протестираат возачите - Работник
496views

Протестот на возачите на Убер во Загреб започнал во седу часот, а траел до десет. 

Иако прво било речено дека ќебиде блокиран одреден дел од пат, сепак тоа не се случило. 

Но, како што пренесува Index.hr, како што може да се види на апликацијата, утринава цените се поголеми од вообичаено. Тоа значи дека има малку возачи, односно дека побарувачка е поголема од понудата на возачите, што би можело да значи дека дел од возачите се во штрајк. 

Иако на сметките на возачите легнале парите коишто им ги должел Убер, сепак протестот продолжил. 

„Она што се случило е тоа што Убер не им исплатил надоместок на партнерите. Инаку знаеја да доцнат, но прв пат толку долго. Синдикатот процени дека мораме да реагираме веднаш“, рекла Ива Филиповиќ. 

„Акцијата вродила со плод, возачите ја препознале силата на здружувањето, три часа ја бојкотиравме апликацијата на Убер. Жал ни е поради ова, но ние се во таква состојба да се чувствуваме како дигитални рабови. Тие постојано ги мијат рацете од било каква одговорност, а од друга страна нагласуваат дека се социјално освестени. Па ако сме ние партнери, како е можно да не можеме да стапиме ниту во контакт со претставниците на Убер“, рекла таа. 

„Ние само добиваме автоматизирани одговори преку апликацијата“, истакнала таа. 

„Ги добивме парите, но го продолживме протестот бидејќи сакаме да испратиме порака до Убер. Оваа денешна ситуација е јасна дека тие не сакаат да бидат партнери. Тука денеска нема никој, не можеме со никого да разговараме“, рекла Филиповиќ на прес – конференција пред седиштето на Убер во Загреб. 

„Мило ние е што луѓето се одѕваа, добивме потпорна од странски синдикати. Жал ми е што никој од Убер не се појави овде, се надевавме дека некој од нив ќе излезе пред партнерите и ќе објасни што ни се случува“, рекла Филиповиќ. 

Таа посочила дека корисниците чекале за возење дупло од вообичаено и дека цените се дупло поголеми. Ова, според неа, покажува дека протестот успеал. Таа додала дека тешко е да се знае колку луѓе учествувале во протестот, но истакна дека на патиштата имало помалку возачи од вообичаено. 

Вие морате овде однапред да договорите состанок преку апликацијата, рекла Филиповиќ, а потоа ве дочекуваат студенти. Подвлекла дека возачите ширум Хрватска, оние кои не се од Загреб, состанокот можат да го направат само онлајн. 

„Оваа ситуација покажува дека, ако тие мене не ми дадат плата, јас не можам да и платам на државата, а должна сум, ја сум занаетчија“, реклеа Филиповиќ. 

Таа потенцирала дека на ниво на Европа се создаваат синдикати, се здружуваат луѓето и дека смета оти и тие како работници треба да имаат некоја заштита. Нагласи дека во светот се поднесуваат тужби против Убер, како и дека и тие размислувале да го направат ова. Додаде дека тие на мирен начин сакаат да воспостават дијалог. 

Рекла дека тие не се против дигиталните платформи, но смета дека ваквиот начин на работење не е одржлив. 

Тие не планираат да ги блокираат патиштата, за да не им го отежнуваат сообрајаќот на своите сограѓани. Наместо тоа, имаат намера да разговараат со Министерството за сообраќај. 

Извор: Index.hr

Фото: Index